Економија, финансии, бизнис

Контакт

Galaxy Tab S – најтенок и најлесен досега

Galaxy Tab S – најтенок и најлесен досега

Galaxy Tab S е нов таблет од семејството на Samsung, за кој велат дека е најтенок и најлесен таблет досега.

Таблетот ќе биде достапен во две верзии -  10,5 инчен и 8,4 инчен, а и двата се со дебелина од 6,6 милиметри. Поголемиот модел тежи 465 грама, додека верзијата со помал екран е тешка 294 грама.

Што се однесува до останатите спецификации, и двата Galaxy Tab S модели имаат Супер  AMOLED екран, Exynos 5 Octa (1.9 GHz QuadCore + 1.3 GHz Quadcore) или Qualcomm Snapdragon 800 2.3 GHz Quadcore процесор, предна камера со реолуција од 8MP и задна од  2,1MP. RAM меморијата е 3GB и 16/32GB интерна меморија.

Што се однесува до батеријата, 8,4-инчниот модел има батерија со капацитет од  4,900mAh, a 10,5-инчниот 7,900mAh.

Android 4.4 е верзија на Android која е инсталирана на давата модели, а уредот доаѓа со различни опции на поврзување  Wi-Fi, или Wi-Fi и LTE.

Како што велат од Samsung, Galaxy Tab S пристига на одредени пазари во јули оваа година.

Слично

Поврзани вести