Економија, финансии, бизнис

Контакт

Galaxy S25 Edge – најтенкиот телефон што изгледа како моден аксесоар

Galaxy S25 Edge – најтенкиот телефон што изгледа како моден аксесоар

Кога стилот и технологијата ќе се спојат, резултатот е уред кој изгледа како дел од Вашата личност, а функционира како најмоќниот асистент во секојдневието. Galaxy S25 Edge е повеќе од телефон – тоа е симбол на елеганција, интелигенција и сигурност, создаден за оние што сакаат да живеат без компромиси. Ако се прашувате што е тоа што го прави овој уред толку добар, одговорот е следниот:

Ултра тенок slim дизајн

Совршениот телефон започнува со изгледот, а Galaxy S25 Edge е симбол на модерна елеганција. Со дебелина од само 5.8 мм и тежина од 163 грама, тој лежи во раката лесно како аксесоар, а не како парче технологија. Тенката форма не е само визуелна предност, туку и практична – уред што лесно се носи во чанта, џеб или дури во рака без да создаде тежина. А титаниумските рамки и стаклената завршница додаваат префинетост која го издвојува од сè друго на пазарот.

Функции и Galaxy AI

Овој уред не е само убав, туку и исклучително паметен. Со Galaxy AI функциите добивате моќен асистент кој ви помага во секојдневието. Автоматски преводи на повици, интелигентни резимеа на документи, напредно уредување фотографии или креативни предлози за текст – сè е тука за да ви заштеди време и да ви ја олесни работата. Galaxy S25 Edge не се ограничува на задачи – тој учи од Вашите навики и станува дел од Вашата рутина.

Безбедност на вашите податоци со Knox

Вашите најважни податоци заслужуваат врвна заштита, а токму тоа го нуди Samsung Knox. Од биометриски отпечатоци и фотографии, до чувствителни финансиски документи – сè е заштитено со повеќеслојна сигурносна технологија. Knox е дигитална брава што гарантира дека секој ваш чекор, деловен или личен, е покриен со доверба. Galaxy S25 Edge е телефон на кој можете да му верувате.

SmartThings за вашиот поврзан свет

Galaxy S25 Edge е повеќе од телефон – тоа е контролен центар за целиот ваш паметен дом. Преку апликацијата SmartThings можете да го вклучите телевизорот, да ја следите пералната или да го подгреете ручекот пред да стигнете дома. Замислете: завршувате со работа, а веќе знаете дека оброците се подготвени и алиштата испрани. Едноставен допир на екранот го претвора секојдневиете во интелигентно искуство.

Пробајте пред да купите

Ако сè уште се двоумите, тука е апликацијата Try Galaxy. Таа ви овозможува да го доживеете Galaxy AI и дел од уникатното искуство на S25 Edge директно на телефонот што веќе го користите. На тој начин, уште пред да го допрете новиот уред, ќе знаете зошто Galaxy S25 Edge е вистинскиот избор за вас.

Galaxy S25 Edge е повеќе од смартфон – тоа е вашата сигурност, стил и интелигентен асистент, спакувани во најтенкиот и најелегантен дизајн досега.

ПР Објава

Слично

Поврзани вести