Економија, финансии, бизнис

Контакт

Galaxy Note 7 е на пат да го потопи Samsung

Galaxy Note 7 е на пат да го потопи Samsung

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung Electronics ги намали очекувањата за оперативната добивка во третиот квартал. Причината е неуспехот со пуштањето на предводникот Galaxy Note 7. Уредот беше надеж на компанијата да се извлече од доминацијата на Apple, но откако дефектите му се покажаа непоправливи, најверојатно уредот ќе се како покаже најголемиот неуспех на компанијата.

Пред да се покаже дека смартфонот се самозапалувал, а проблемот не е отстранет дури во новата серија, компанијата очекуваше оперативната добивка за кварталот да биде 6.99 милијарди долари. Сега прогнозата е намалена на 4.66 милијарди. долари, пренесува Reuters.

Приходите исто така ќе се помалку. 

Од почетокот на неделава до сега акциите на Samsung се паднати за 10% и најверојатно ќе го одбележат најголемиот неделен пад од 2012 година. Инвеститорите се загрижени дека кризата со Galaxy Note 7 ќе нанесе долгорочна штета на угледот на компанијата и приходите на Samsung.

Во почетокот на септември технолошкиот гигант го објави повлекувањето на 2,5 милиони уреди, бидејќи добија многу поплаки дека тие се самозапалувале. Компанијата започна нивна замена, но и при втората серија се покажа дека проблемот се уште не е отстранет.

Слично

Поврзани вести