Економија, финансии, бизнис

Контакт

Galaxy A52 и Galaxy A72 - За кој смартфон на Samsung да се одлучите?

Galaxy A52 и Galaxy A72 - За кој смартфон на Samsung да се одлучите?

Samsung во изминатите неколку години преку А серијата се почесто се грижи корисниците во средната класа да им понуди одлични уреди кои имаат пристојни цени, но и перформанси на високо ниво. Идејата на А серијата е да "позајмува" и дел од компонентите од премиум S класата, па така и во оваа ценовна категорија речиси ништо нема да им недостасува на корисниците.

Нови модели во оваа понуда се Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72, ценовно оддалечени за само неколку илјади денари, и со многу слична конструкција во основата, но со неколку мали разлики кои прават дистинкција помеѓу двата модела.


Големи во средната класа

Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72 се прилично квалитетни смартфони за средната класа, и една од клучните разлики меѓу нив е големината на екранот. Samsung Galaxy A52 доаѓа со 6,5 инчен дисплеј, додека пак Galaxy A72 е за нијанса поголем, односно има дијагонала на екранот од 6,7 инчи.

И двата уреда имаат идентична Super AMOLED технологија на дисплејот, односно располагаат со резолуција од 1080 x 2400 и висока стапка на освежување на сликата од 90Hz. Оваа стапка е можеби за нијанса пониска од премиум класата каде гледаме уреди со 120Hz, но на Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72 им обезбедува одлично справување со транзициите кои се „мазни“, а исто така ќе уживаат и фановите на мобилни видео игри без никакви кочења.


Galaxy A72 нуди поголема работна површина и поголема прегледност на податоците, додека пак Galaxy A52 иако е минимално помал нуди поголема густина на сликата поради поефикасната распределба на пикселите, па затоа оваа категорија ќе ја реши личната преференца на корисниците, односно дали сакаат поголем смартфон или пак, погуста резолуција.

Елегантни и на чекор до врвот

Естетската филозофија на Samsung е да ја направи средната класа што е можно поблиску до врвот, односно да нема никакви пречки за примена на модерен дизајн, практично инспириран од ултра квалитетните и скапи модели како Samsung Galaxy S20. Тој „јазик“ на дизајнерите се гледа и кај Galaxy A52 и Galaxy A72 моделите, кои имаат сличен „коцкаст“ изглед на задниот дел од маската, особено со испакнатоста на модулот за главната камера со повеќе сензори.

Galaxy A52 и Galaxy A72 се достапни во четири импресивни нијанси на маската, со понуда на црна, бела, виолетова и сина боја. Предната страна претежно е истакната со црната рамка околу екранот, додека пак нијансите, без оглед за која боја ќе се одлучите се доста нежни со што на уредите им се дава доза на сериозност и припадност во оваа ценовна категорија.


Galaxy A52 и Galaxy A72 имаат идентичен профил од 8.4 милиметри, а за нијанса се разликуваат во тежината пред се поради различната големина на екранот. За задниот дел од маската може да се каже дека нуди висок степен на цврстина и стабилност, практично како да го држите Samsung Galaxy S20 во раката, копчињата се убаво распоредени и даваат јасен фидбек при нивно притискање. И двата модела може да се пофалат со IP67 сертификатот кој гарантира издржливост при попрскување со вода или дожд, опција која ретко се гледа во средната класа.

Како се справуваат со предизвиците?

Еден модерен смартфон мора да биде на ниво на задачата за справување со сите предизвици, без оглед дали се тие за завршување на работните задачи, поврзување со колеги и пријатели или пак креирање на квалитетни слики и видеа. Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72 се предводени од осум-јадрен Snapdragon 720G процесор кој е изработен во 8nm процес. Работната меморија и внатрешната меморија за складирање на податоци варира, со тоа што основната комбинација и за двата модела изнесува 128 GB ROM и 6 GB RAM, сосема доволно за секојдневна употреба.

Со овие смартфони лесно ќе воспоставите состанок на Zoom или на другите апликации за онлајн конференциски повици. Исто така ќе немате проблеми при работа со документи и синхронизација на мејлови, календари и потсетници. Скролањето на интернет содржини и преглед на новости и информации исто така се одвива доста „мазно“. 


Главниот адут во хардверот на Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72 се нивните супер издржливи батерии кои овозможуваат активна работа од речиси два дена со едно полнење.

Samsung Galaxy A52 доаѓа со батерија со капацитет од 4500 mAh одлично прилагодена за гледање на видеа во висока резолуција, воспоставување на интернет и мобилни разговори, како и завршување на деловните обврски во текот на работниот ден. Samsung Galaxy А72 поради поголемиот екран обезбедува и поголема батерија со капацитет од 5000 mAh, идеална за долги разговори во 5G мобилна мрежа, стримање на HD видеа и повремен мобилен гејминг. И двата модела се полнат релативно брзо благодарение на 25WFast charging стандардот.

Финални импресии

Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72 може да одговорат на модерните предизвици, имаат достапни цени на македонскиот пазар кои се движат од 20 до 23 илјади денари, а за тие пари нудат навистина солиден хардвер, издржливи батерии, ефикасни дисплеи, како и напредни камери. Можноста за снимање на 4K HD видеа сигурно ќе им се допадне на многумина, како и опцијата за поврзување на 5G веднаш штом оваа мобилна мрежа биде активирана и во Македонија. Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72 може да послужат и како деловни мобилни уреди бидејќи одлично се склопени за работа со апликации и документи, а дизајнот и издржливоста ги прават смартфони на кои може да се потпрете во различни сценарија. Што мислите вие за Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72, кој е вашиот избор?


Слично

Поврзани вести