ФЗОМ ја проширува листата на лекови на рецепт
Фондот за здравствено осигурување на Македонија најави дека од 1 септември ќе ја прошири листата на лекови на рецепт на товар на фондот.
-Овозможуваме наместо досега 46 генерики на лекови кои што можеле дежурните служби да ги препишуваат тој број да се зголеми на 50 генерики, бидејќи се воведоа дополнително антибиотици и антивиротици. Тие 50 генерики претставуваат дури 142 лека со заштитено име кои што нашиот осигуреник може навечер да ги добие, информираше денеска директорката на Фондот на здравествено осигурување Маја Паранарџиева Змејкова.
Со новата одлука вкупно 142 лека ќе им бидат достапни на осигурениците. Втората новина предвидува дежурни аптеки да има само во градовите кои имаат повеќе од 50 000 жители, а во помалите, аптеките ќе функционираат на повик. Последната новина предвидува фондот да им ги рефундира парите на осигурениците за сите лекови купени во странство .
