Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француско кафуле им наплаќа такса на грубите клиенти

Француско кафуле им наплаќа такса на грубите клиенти
Цените наведени во кафуле во Франција сугерираат дека учтивоста значително може да ја намали сметката на клиентот , објави CNBC . Ако човек едноставно нарача „едно кафе " во кафулето Le Petite Syrah во Ница , тоа ќе го чини 7 евра, според натписот кој ги пречекува клиентите во локалот. Ако сепак клиентот додаде едно „Ве молам" , цената паѓа до 4,25 евра. Ако пак клиентот се потруди да нарача со зборовите „Добро утро , кафе , Ве молам“ попуст за учтивост станува уште поголем и кафето веќе чини само 1,4 евра. „Со жена ми имаме мало местенце", вели сопственикот Фабрис Пепино . „Почнавме да забележуваме дека луѓето се по малку груби и под стрес и понекогаш дури и се однесуваат грубо со нас кога нарачуваат кафе “. Поставениот натпис во локалот бил инспириран од слични натписи кои тој ги  видел во Италија и на други места во Франција , а започнало како шега. Пепино никогаш не земал повеќе од 1,4 евра за кафе . „Дури не мислам дека тоа е легално ," вели тој . Ова сепак ги натерало неговите клиенти да се однесуваат поинаку . „Отпрвин тие почнаа дури и да велат „Здраво ваше височество , ќе ми сервирате ли едно од вашите убави кафулиња“, обидувајќи се дури у да бидат уште повеќе учтиви, за да добијат бесплатно кафе . Тоа сепак најмногу ги забавува клиентите и ги тера да се опуштаат . „Натписот нè потсетува дека сеуште сме човечки суштества. Без разлика дали клиент е и самиот претседател на земјата ", вели тој . Пепино е изненаден дека слика од натписот во локалот, станува хит на интернет , откако француски новинар кој минувал оттаму ја пуштил на Twitter. Од француски телевизии почнале да му се јавуват, сакајќи да направат репортажа за локалот. „Животот е премногу брз. Премногу стрес има во овој свет“, додава Пепино.
Слично

Поврзани вести