Француски лаборатории потврдија – листеријата била во производите на „Екстра меин“
Две француски референтни лаборатории ги потврдија резултатите од македонските здравствени и научно-истражувачки власти - бактеријата листерија се наоѓала во вакумираниот сецкан врат на фабриката „Екстра меин“. Резултатите ги соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.
Станува збор за реномираните лаборатории „Ансес“ и „Пастер“ од Париз, кои потврдиле дека смртоносната била во производите на кумановската фабрика. Од листеријата заболеа 10 лица, а пет починаа.
„Добивме потврда дека станува збор за ист извор на листерија. Точно и прецизно е лоциран изворот на листерија од страна на македонските власти. Со ова конечно ставаме крај на шпекулациите и наводите дека се’ уште не е пронајден виновсникот на листеријата. Не обвинуваа за фалсифкување на постапката, дека е наместена, дека непотребно сме ставиле фирма на столбот на срамот. Не прогласија за аметери, егзекутори кои нестручнио аналииираат и на крај тоа го покриле со егзекуција на некоја фирма . Ние верувавме во квалитетот на знаењето и професионализнмот во македонските експерти“, вели Тодоров.
За труењето со опасната бактерија веќе е покрената кривична пријава против непознат сторител. Доказите од македонските институции веќе се доставени до Јавното обвинителство, а ќе бидат поткрепени и со наодите на француските лаборатории. Тодоров, изрази надеж дека наскоро истрагата ќе излезе со конкретни резултати.
Слично
