Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција има најмногу туристи но не и пари

Франција има најмногу туристи но не и пари

Франција, една од најпопуларните туристички дестинации во светот, но трета по приходите од туризмот после САД и Шпанија, во 2012 година ја посетиле 83 милиони туристи кои потрошиле 149 милијарда евра.

Најмногу туристи привлекува Парискиот регион, кој и најмногу заработува од туристите благодарение на културно-историското наследство и развиената инфраструктура, пренесува РФИ.

Масовен туризам е присутен во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег и Рона-Алпи.

Уделот на приходите од туризмот во вкупниот француски бруто домашен производ (БДП) е седум одсто.

Потрошувачката на туристите во последните шест години во Франција пораснала за 17 одсто.

Слично

Поврзани вести