(ФОТO) Совет: Како да ги искористите винските шишиња
Денеска не сакаме да им даваме значење на бројните вински шишиња кои ги имаме во домаќинството, туку сакаме да ги истакнеме идеите на оние кои вишокот стаклени шишиња го искористиле на интересни начини.
Искористете ја креативната рециклажа и од стари шишиња со малку фантазија направете корисни или украсни предмети за вашиот дом. Можете да си играте со сијалиците, разните светилки и да добиете интересни ламби. Соберете ги шишињата и направете прекрасен лустер или масичка за кафе.
Доколку на стаклената винска површина направите фини резови под агол, ќе добиете убава вазна. Од стаклените шишиња можете да направите убави светилки кои добро ќе ви дојдат во летните вечери во вашиот двор.
Секако неопходен ви е алат, вклучувајќи ги плочките за сечење стакло, бушалка и слично.
Погледнете ги нашиоте предлози и направете единствени стаклени предмети за вашиот дом.
[gallery]