ФОТO: Жените го создадоа синиот град во Мароко
Шефшауен е синиот град на Мароко.
Се започнува пред само 20 години благодарение на жените.

Лоциран на планините во северниот дел на Мароко, средновековниот Шефшауен некогаш бил место во кое луѓето едноставно поминувале, но не останувале во него. Потоа на жените во градот им паѓа на памет една необична идеја.
Тој бил обоен со сина боја. Традиционално само еден од реоните на градот бил насликан во оваа боја - стариот еврејски регион. Сега целиот стар град се бојадисува три пати во годината.

Никој не е сигурен зошто малиот планински град е преплавен токму во сино. Некои велат дека тоа е духовна боја за муслимани и Евреи, а други веруваат дека тоа е знак на почит кон планинските извори. Трети пак се на мислење дека синото ги држи комарците надвор од градот.

Жените не само што ја почнаа оваа традиција, туку ја продолжуваат и до денес. Тимови од двајца - тројца бојадисуваат ноќе, кога остатокот од Шефшауен спие. Следниот ден нема ни трага од нивната работа, освен сушење боја.
