ФОТО+ВИДЕО: Во кои земји се живее најдолго и зошто?
Светскиот економски форум состави листа на земји каде се живее најдолго врз основа на фактори како здравје, исхрана, население, најчести болести и слично.
На врвот е Хонг-Конг каде векот во просек е 84 години. Граѓаните во оваа земја се занимаваат со боречки вештини, медитација и здраво се хранат.
На второ место трета година е Јапонија. Жителите во Јапонија просечно живеат по 83.6 години.
Трета е Шпанија каде се јаде овошје, зеленчук и свежа риба.

Четврта е Швајцарија со животен век од 82.8 години. Таа е богата земја која овозможува добри медицински услуги и здрава исхрана.
Петта е Италија со просечен век од 82.7 години и тоа е резултат на конзумирање вино, здрава храна и маслиново масло.
Шести е Сингапур каде здравството последниве години е подобрено и населението живее во просек по 82.6 години.
Седма е Франција со 82.4 години и таа е земја со најмалку дебели луѓе.

Осма е Австралија со 82.3 години просечен животен век поради здравиот начин на живот.
Деветта земја е Израел со 82.2 години век и само 13% дебели луѓе.
Десетта е Луксембург со 82.2 години и таа е мала земја со голем БДП и богата популација.
