Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) НЕОБИЧНА ИДЕЈА: Направиле хотел на отворено во Швајцарија

(ФОТО+ВИДЕО) НЕОБИЧНА ИДЕЈА: Направиле хотел на отворено во Швајцарија

Хотелот „Нула ѕвезди" е  уметнички проект, на двајца браќа - Френк и Патрик Риклин, и нивниот партнер Даниел Шарбоние. 

Ноќевање во брачен кревет во овој хотел, кој се наоѓа во Швајцарија со нула ѕвезди чини 306 долари. Што е вклучено во цената? Добивате „модерен батлер", облечен во земјоделски чизми, и појадок. 

Проектот има за цел да ги надмине традиционалните пристапи кон гостопримството во најбогатата земја, позната по луксузните планински одморалишта.

Тројцата партнери ги поставиле креветите на откриени ливади, за да имаат гостите неповторлива глетка кон прекрасната природа на Швајцарија.

Хотелот вчера ги отвори вратите и се наоѓа во близина на одморалиштето Санкт Гален, североисточна Швајцарија.


Тоалетите и бањите се на околу три минути пат од спалните, во блиска алпски колиба.

Покрај тоа, ако се влоши времето, гостите ќе можат да се засолнаа во неа. Минатата година тоа се случило 37 пати од 60 ноќевања на отворено.

Слично

Поврзани вести