Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Зошто Ајнштајн е со исплазен јазик и како настанала една од неговите најпознати фотографии?

(ФОТО) Зошто Ајнштајн е со исплазен јазик и како настанала една од неговите најпознати фотографии?

Сигурни сме дека досега сте ја забележале фотографијата на славниот физичар Алберт Ајнштајн - онаа со исплазен јазик.

Овде не се работи за монтажа, фотографијата е автентична. А како настанала?

Пријателите и колеги на Алберт Ајнштајн приредиле прослава на 14 март 1951 година во Принстон клуб, по повод неговиот 72 роденден. На прославата стигнале бројни гости, како и фотографи и медиуми.

Како што одминувала прославата Алберт бил прилично изморен, но ја извршувал должноста и ѝм позирал на фоторепортерите.

На крајот еден негов пријател се понудил да го однесе дома од прославата. И токму кога влегувал во возилото еден фоторепортер извикал:

„Може ли уште една  фотографија!“

Фотографот Артур Сејс раскажал дека Ајнштајн после тоа се свртел и му го покажал јазикот , а тој направил фотографија која станала позната.

Фотографијата му се допаднала и на самиот Ајнштајн, кој од фотографот нарачал дури девет примероци. Некои од нив ги искористил за праќање честитки.


Слично

Поврзани вести