Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Знаете ли како василичарите ја слават Василица во истокот?!

(ФОТО) Знаете ли како василичарите ја слават Василица во истокот?!

Денеска е ден кога во источниот дел на нашава земја, поточно село Звегор (делчевско) се слави празникот Василица со малку поинаков од Вевчанскиот обичај.

Оваа традиција е автентично чување на обичаите под маска стара со векови уште од турско време, a истата се одржува под покровителство пред се на главните организатори кумот и старекот а општина Делчево и градоначалникот пружаат подршка врз основа на барање од кумот и организациониот одбор.

1535551_10152597467953663_8634009339019347974_n

Василичарскиот обичај е наречен „Сурва“ и претставува годишно прославување на Стара Нова Година на 14 Јануари.

Манифестацијата се одржува два дена. Првиот ден започна вчера утрото со обичајот „Сурва нова година“ во кој се вклучени деца кои во групи опремени со суроваски ги гонат селските кучиња извикувајќи „Сурваааа... и одат од куќа на куќа, пеејќи василичарски обредни песни. Домаќините ги даруваат гостите - сурваскари со јаболки, ореви, бонбони, гурабии и други дарови.

1461672_10152597467923663_4558794215092668378_n

10522554_10152597468128663_4698569010196397669_n

Потоа доцна во ноќта, постарите ја започнуваат својата подготовка. Тие се собираат на однапред договореното место и се пресоблекуваат во друга облека. Има одредени улоги што постарите ги толкуваат на овој настан секоја година.

10570449_10152597468033663_7793751027449324047_n

Некаде околу 5 часот наутро тие започнуваат да одат од куќа на куќа не одминувајќи ниту една куќа во селото со традиционалната свадбена поворка, бидејќи денешниот втор ден е така наречената  „Василичарската свадба“ , со зурли и тапани.

10363695_10152597467928663_7981135120138630161_n

Во рамките на музичката програма на „Звегорска сурва“ се одржува своевидна смотра на дувачки оркестри, пејачки и играорни групи, а манифестацијата продолжува на сред село со општонародна веселба и завршува во доцните вечерни часови со визите по домовите на оние што го носат името Васил, Васе, Васко, Василка, Васа, Васко.

Интересно да се спомене е дека во текот на поворката во селото кое се наоѓа на самиот граничен премин со соседна Бугарија, учесниците го блокираат сообраќајот се додека не им дозволите да ве намачкаат со црна боја (пред се за здравје а така го плаќате и  данокот на државата), а може да изедете и некој стап со цел на шегување и истерување на злите духови.

Слично

Поврзани вести