ФОТО: Запознајте ја непознатата страна на Бутан
Луѓето во Бутан се меѓу најсреќните нации, а на места земјата личи небаре времето застанало.
Бутан е одвоена од останатиот свет и е земја каде шарената облека и обичниот живот без технологии, обоените домови се почитуваат и практикуваат. Бутан секогаш бил обвиткан во мистерија.
Според различни истражувања, Бутан е во топ 20 најсреќни држави.
Во јули наместо подароци, новиот принц на земјата доби 108 000 дрвја на својот роденден, кои беа засаданени од народот во негова чест. Со векови државата е под апсолутна власт на својот крал. Во моментов е уставна монархија.
До 1960-та година нема изградени патишта, а движењето со автомобили е речиси непознато. Сега има струја, телефони и поштенски услуги.
Слично



