(ФОТО) Запознајте го момчето кое има 19 години и ја има најпосакуваната професија
Често пренесуваме приказни за занимања кои би можеле да се окарактеризираат како „најдобрата професија на светот“ а една од нив е секако и аналитичар за летање.

Замислете го доаѓањето на аеродром каде преминувате без преглед и контрола, а притоа ве чека шампања и мирис на внатрешноста на нов авион.
Food, crew & a brand new @Airbus #A320neo. It's delivery day for @AirAstana! ✈️ pic.twitter.com/cxGG1gBl0h
— Alex Macheras (@AlexInAir) November 8, 2016
Авионот набрзо полетува, а вие имате шанса да ги испробате апсолутно сите седишта, и тоа не само оние во бизнис и економска класа туку и оние кои ги користи персоналот.

Кога сте аналитичар за летање, како 19-годишниот Алекс Мачерас, пристапот до се погоре наброено е загарантиран.
Мачерас сподели некои свои искуства од оваа работа . Така вели дека претставувањето на нов авион е вистинска церемонија која ја нарекува „доделување на Оскар на вионската индустрија“.

Таа свеченост често е проследена со разноразни настани, како настап на познати музичари или танчерки, за на крај да се открие новиот авион и потоа да се полета со одбрано друштво.

По полетувањето, постарите членови на екипажот слободно може да го разгледаат авионот, да уживаат во фини појалоци и обилно вечерање (не добиваат храна која обично се служи на летови).

Алекс за тоа време ги испробува сите кабини и седишта, сликите потоа ги објавува на Инстаграм, и потоа дава разни совети кои се однесуваат на летањето.
