Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) ПОРТОКАЛОВ ТЕПИХ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: Започна „Евровизија 2019“

(ВИДЕО+ФОТО) ПОРТОКАЛОВ ТЕПИХ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: Започна „Евровизија 2019“

Тимови од сите 41 земји учеснички на годинашнава Евровизија вчера се претставија на плоштадот „Хабима“ во Тел Авив, Израел. Тепихот на кој се претставуваа учесниците е портокалов, а не црвен затоа што оваа боја е логото на овогодинешниот официјален спонзор.

И тимот на Северна Македонија продефилира на портокаловиот тепих. Облечени во црно, нашите претставници мафтаа на присутните и уживаа во настанот.

„Евровизија 2019“ ќе се одржи под силни безбедносни мерки, пренесуваат европските медиуми. Во главниот град  на Израел ќе бидат распоредени околу 8.000 полицајци.

Инаку, оваа година се очекува кулминација на Евровизија поради настапот на Мадона, за чиешто учество спонзорот платил над 1 милион долари.


Видео - Eurovision Song Contest

Фото - Инстаграм



Слично

Поврзани вести