(ФОТО) ВО ИДНИНА: Летечки хотел ќе ги вози гостите, каде што сакаат!
Во иднина бродовите ќе претставуваат огромни летачки хотели. Овој тип на патување сепак сигурно не се за секого, а само за оние кои сакаат да го поминуваат одморот во патувања, но без да се лишуваат од луксузот на хотелот. Тоа е и основниот концепт на канадската компанија која разви мобилен хотел и го нарече „Driftscape“.
Футуристичкиот проект се состои од два модуларни објекти: „дрифткрафт“, кој е околу 20 квадратни метри. Автономен простор за двајца, и голема „оаза“ - зона за рекреација и услуги на собата.
Собите ќе имаат јајцевидна форма, за да им обезбедат на своите гости 360 степени поглед надвор и потопување во атмосферата. Конструкцијата нема да има потреба од Електропренос или водоводни мрежи и ќе може да лета по два, три дена.
Според креаторите на концептот Летечкиот хотел може да е готов за пет години. Проектот ќе учествува во натпреварот „Награди за радикални иновации“, а публиката ќе г оутврди победникот. Тој ќе добие награда од 10 илјади долари во помош на својот концепт.



