Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ВО ДВОРОТ И СЛЕТАЛ БАЛОН, а пораката што ја носел тој ќе ви го скрши срцето!

(ФОТО) ВО ДВОРОТ И СЛЕТАЛ БАЛОН, а пораката што ја носел тој ќе ви го скрши срцето!

Божиќ и Нова година се празници кои го собираат семејството на едно место. Деновите кои се поминуваат во мир, задоволство и прегратка на своите најмили.

Но, за многумина тоа се и најтажни денови во животот. Им недостасуваат оние кои ги напуштиле, а една од најтажните приказни слета во дворот на Сузан Едвардс, која морала да ја сподели со светот.

Во нејзиниот двор слетал балон за кој било залепено писмо на непознато момче.

„Тато, би сакал да си овде и да можеме заедно да се забавуваме. Ти посакувам среќен Божиќ. Се надевам дека ќе му кажеш на Бог да ми донесе подароци. Се надевам дека си среќен во рајот, а ако си, тогаш кажи ми. Те сакам“.

Сузан ја ставила фотографијата со писмото на својот Фејсбук и им порачала на своите пријатели.

„Хелиумскиот балон слета во мојот двор и на моето срце. За балонот беше закачена порака која ја расплака мојата фамилија и мене. Драги пријатели на Фејсбук, прегрнете ги оние кои ги сакате и споделете го ова писмо, за да може да дојде до момчето. 

За Александар, сакам да знаеш дека рајот е прекрасно место, толку убаво што не можеш ни да замислиш. Тоа е место каде нема болки, ни грижи. Сигурна сум дека твојот татко не сакал да те напушти. Но во рајот е среќен. Тој сака и ти да бидеш среќен. Тој секогаш многу ќе те сака и сигурна сум дека е горд на тебе. Среќен Божиќ.


Слично

Поврзани вести