Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО:Запознајте го Маракеш-розовиот град

ФОТО+ВИДЕО:Запознајте го Маракеш-розовиот град

Во топ 10  местата задолжителни за посета на Африка, е Маракеш - империјалната престолнина на Мароко.

800px-Marrakech_square_night

Наречен е розов град, поради  бојата на зградите и џамиите. Во случај ако тргнете по тесните улички, речиси сигурно е дека ќе се изгубите.

Во градот има свирачи со  отровни змии; жени чии коси се покриени, но очите им се преубаво нашминкани.

Маракеш е прекрасен град со незамислив хаос, каде можете да вечерате полжави. Опкружен со непрекинати ѕидини долги 9,7 км овој град се истакнува со своите грандиозни кули и тврдини чии сенки се протегаат на богатото црвено тло, кое кога сонцето ќе блесне се прелева во боја на праска.  При крајот на денот, земјата добива прекрасна пурпурна боја.

4

Marrakech_2009_Bab_Agnaou_Gate_LL

Официјалниот број на жители на Маракеш е 1.070.838. Маракеш е основан во 1062 година, од страна на Јусуф ибн Ташфин. Овој град бил и главен град на Мароко за време на владеењето на Мулај Исмаил.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/BBQcuMvOJxM[/embed]
Слично

Поврзани вести