ФОТО+ВИДЕО: Овој песочeн замок е кандидат за највисок во светот…
Песочeн замок во Германија е кандидат за највисок во светот.
За да се докаже како таков се поканети претставници од Светската гинисова книга за рекорди за да го измерат. Но, непосредно пред мерењето дел од структурата на замокот се урна. Коментирајќи го замокот, главниот уметник на проектот, Бен Олинде изјави дека изградиле песочен дворец за 3 недели со 18 меѓународни уметници од 10 различни земји.
„И се надеваме дека наскоро книгата на Гинис ќе го потврди нашиот нов светски рекорд, кој го постигнавме тука" - вели тој.
Уметникот појасни уште дека се употребени вкупно 2.300 тони песок за изградба на замокот.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/_ZjtzUwaWko[/embed]
Слично



