Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Вака изгледа една совршена вила во Шведска!

(ФОТО) Вака изгледа една совршена вила во Шведска!

Шведска и нејзините скандинавски соседи се познати по своите сауни и базени ...

Од надворешната страна, имотот кој сега ќе ви го претставиме можеби не дејствува специјално, но ова е еден од оние случаи кога изгледот на прв поглед лаже. Оваа приватна луксузна резиденција која неодамна е ставена на продажба во преубавото Малме има апсолутно совршен базен. Резиденцијата името го добила со базенот на ум, па се вика Pool Paradise, а има околу 200 м2 животен простор. Нејзината цена е 1,4 милиони долари, што е разумно, со оглед на сите луксузни погодности кои ги содржи и имотот што ја опкружува.

Вкусно декорираниот ентериер на оваа вила е исполнет со природна светлина, а тука се и прозорците од под до плафон, како и вратата и подовите од квалитетно дрво. Во екстериерот ве очекува прсостор за скара во комбинација со трепезарискиот дл на отворено, додека кујната внатре во вилата е многу пространа со мермерни работни површини.

Вегетацијата која го опкружува овој имот, посебно онаа во  близина на базенот, создава вистински параван кој ќе ви пружи приватност и заклон од љубопитни погледи.

 
Слично

Поврзани вести