(ФОТО) Топ дестинации за 2018 година - една е во соседството
Дестинациите кои вреди да ги посетите во 2018 година ги има насекаде. Се работи за градови кои треба да ги посетите барем на неколку дена.
1. Белград, Србија
Белград е одличен за посета во доцна пролет или на почетокот на летото. Може да пиете кафе покрај Сава, да се релаксирате низ прекрасниот Калемегдан и да ја истражувате убавината на локалните кафулиња и продавнички.
2. Рига, Латвија
Рига е познат по своите сончеви плоштадчиња на кои може да ручате или испиете кафе, додека се воодушевувате на фантастичната околна архитектура.
3. Порто, Португалија

Иако сите зборуваат за Лисабон, Порто е помирната алтернатива за уживање. Цените се поприфатливи, а шармот на уличките, рестораните и колоритниот поглед ќе ве освојат на прв поглед.
4. Матера, Италија

Матера е град кој е прогласен како Европски центар на културата, заради богатата историја и уникатните градби кои ги има. Сега голем дел од пештерите се претворени во уникатни мини хотели, соби, ресторани, барови, продавнички...
5. Варшава, Полска
Варшава е одлична дестинација за оние кои имаат енергија за истражување и богат ноќен живот. За дневните прошетки има неколку музеи кои вреди да се посетат, додека вечерите се создадени за веселите пабови.
6. Виена, Австрија
Виена е земја на фантастични локални маркети, одлични кафулиња со вкусно кафе, добри ресторанчиња со сочна храна и сето тоа со поглед на големото панорамско тркало.
7. Хамбург, Германија
Хамбург е дом на интересен микс од архитектура. Никако не смее да го пропуштите Schanze делот кој е полн со ресторани, барови, кафулиња и улична уметност од креативните локалци.
8. Лозана, Швајцарија
Ова е швајцарско гратче со архитектура која не можете да ја игнорирате додека уживате во вкусната локална храна. Идеално за неколку дневни екскурзии исполнети со талкање по шармантните улички.
