(ФОТО) Том Круз го продава својот луксузен имот
Познатиот холивудски глумец Том Круз го стави на продажба својот простран имот во Теллуриде.
Овој имот се наоѓа близу популарното скијачко одмаралиште и се протега на 298 хектари. Во своите рамки содржи и приватна капија која води кон Uncompahgre националната шума. Глваната куќа на овој имот е завршена во 1994 година и дизајнирана е како автентична дрвена ложа,а е направена од камен и кедар. Исто така во нејзини рамки се наоѓаат и модерни погодности како теретана, соби за рекреација и библиотека. Оваа куќа со површина од околу 1000 м2 се состои од четири спални соби и шест тоалети. Покрај неа се наоѓа и нешто мала куќа за гости со три спални соби и шест тоалета.
Како што дознаваме, глумецоѕ го продава свој приватен имот бидејќи не го посетувал во текот на претходните неколку години, а цената која ја бара за овој имот е 59 милиони долари.
[gallery]



