Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Светски водечкиот бренд во хотелиерството – ИБИС хотел со отворен ден за граѓаните

(ФОТО) Светски водечкиот бренд во хотелиерството – ИБИС хотел со отворен ден за граѓаните
Во ИБИС хотел Скопје сити центар денес се одржа отворен ден за граѓаните.
a2
На настанот свое обраќање имаа Катерина Илиевска– менаџер на ИБИС Македонија и Френк Рул–регионален менаџер на АКОР.
Илиевска пред присутните напомена дека носењето на брендот ИБИС претставува стратешка инвестиција која ќе ги охрабри инвеститорите да го следат овој пример што би било заеднички придонес за подигнување на нивото на угостителските услуги во една современа и европска Македонија.
a13
Се осврна и на значењето од присуството на овој европски лидер во хотелиерството во Р. Македонија, што влијае врз афирмација на нашата земја и впишување на светската мапа на туризмот.
Претставникот на АКОР ги поздрави присутните од името на претседателот на групацијата. Тој истакна дека ИБИС е светски водечки бренд во хотелиерството, а посебен акцент даде на проширувањето на групацијата во 16 земји од регионот, со отворање на повеќе од 100 хотели, меѓу кои е и хотелот во Скопје.
a20
На крај од своето обраќање, Рул им се за благодари на инвеститорите од Орка Холдинг за својот придонес и развивање на партнерството со Акор хотели.
ИБИС хотел Скопје сити центар се наоѓа во централното градско подрачје, близу сите владини институции, компании и поголеми туристички атракции и затоа е привлечен како за гости од бизнис секторот, така и за гости од областа на туризмот.
a22
Хотелот е дел од групацијата Accor Hotels, хотелски синџир кој е присутен во 92 земји во светот со повеќе од 3 700 хотели и 480 000 хотелски соби.
a4
Присуството на брендот ИБИС ја сместува Република Македонија во мапите на светските туристички центри што директно придонесува за афирмација на туризмот во нашата држава.
Хотелот располага со 110 целосно опремени соби, од кои 2 соби се наменети за лица со посебни потреби.
Во состав на хотелот се наоѓа модерен ресторан, бар отворен 24 часа, веб-корнер и бесплатен безжичен интернет.
Слично

Поврзани вести