Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Светот денеска го одбележува денот без панталони

ФОТО: Светот денеска го одбележува денот без панталони
Илјадници луѓе ширум светот денеска го одбележуваат 13-от по ред Ден без пантолони.Многумина од нив на работа отидоа само по долна облека, иако температурите во многу градови се под нулата. Целта им е да влезат во воз од подземната железница без пантолони и да се однесуваат што е можно понормално. А патниците на метрото во Лондон, Стокхолм, Сиднеј, Берлин, Шангај веќе и го направија тоа. Во 2002 година во Њујорк, неколку луѓе одлучиле да внесат метеж во сообраќајот и така ја започнале оваа традиција, влегувајки  во возовите без пантолони. И кога ќе ги запрашале зошто каде им се пантолоните, одговарале дека заборавиле да облечат. Потоа на една од станиците, на изненадување на сите, влегувало лице кое продава пантолони.
Слично

Поврзани вести