(ФОТО) Свечено отворање на Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival
Веднаш по отворањето од страна на Бен Савиќ и неговата група Savage Skills, започнаа квалификациите за Македонија BMX open натпреварот, а по нив следуваше и тренингот за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT, секако проследен со забава и музика.
Она што денес ги очекува зависниците од адреналин се квалификациите за FMB WORLD TOUR, кои започнаа во 10:00 часот и траат се до 14 часот. По нив е големото BMX OPEN НАТПРЕВАР ФИНАЛЕ, додека пак вечерта не очекува финалето за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT-от проследено со забава и музика. Сите овие активности се планирани и ќе се случуваат пред платото на Скопје Сити Мол, додека пак МТВ XCM МАРАТОН, кој започна во 08 часот наутро пред Скејт Паркот во Карпош, а од таму велосипедистите се упатија кон Водно и повторно назад до молот. Она што исто така ќе се случува денес на Водно е и официјалниот тренинг за UCI/BX XC трката.
За најмладите вреди да се напомене дека пред платото на Скопје Сити Мол е поставена и Детската Вело школа на молот, која функционира секој ден за време на Балкан Бајк Фестивалот.
Детската вело Скопје Сити Мол школа е наменета за дечиња од 4 до 12 години, а она што може да се очекува за нив се интересните спори трки, кружни/полигон трки, многу забава, едукација за велосипедизмот, смеа и музика.