(ФОТО) СТЕ СЛУШНАЛЕ ЛИ ЗА Куфонисија - Дивиот рај на Грција?
Куфонисија се нарекуваат два острови во малите Киклади (острови во јужниот дел на Егејско Море), многу слабо населени, но исклучително убави.

Едниот е со површина од 15 квадратни километри и до денес е пуст. Последните жители го напуштиле пред 40 години, поради недостатокот на секаков вид инфраструктура.

Во Куфонисија можат да се видат летни куќи и еден ресторан, како и остатоци од кикладната цивилизација.

Другиот остров, познат како Ано (горно) Куфониси, е најмалиот и најнаселен кикладски остров. Областа му е само 3,5 квадратни километри а жителите - 340. Основна егзистенција на локалното население е туризам и риболов.

Куфонисија има неверојатно убави плажи со тиркизни води. Туристите можат да се почувствуваат како да се на пуст остров.

Пловењето е препорачливо искуство на островите Куфонисија бидејќи овозможува да се разгледа прекрасното крајбрежје и карпести феномени, како „Окото на ѓаволот“.
