ФОТО:Стаклен мост во Кина ги остава без здив туристите
За некои луѓе во Кина небото не е граница, особено кога може да биде изграден стаклен мост во воздухот.
Најдолгиот стаклен мост во светот се наоѓа во кинеската провинција Хунан. Конструкцијата се протега на 300 метри височина и 400 метри во должина, и е лоциран во прекрасниот национален парк во Кина - Шиниуджај. Атракцијата привлекува стотици авантуристички настроени туристи, кои го посетуваат не само за да се сликаат на мостот, туку и за да видат каков е погледот од птичја перспектива. Конструиран од израелски инженер, мостот е изграден да издржи 800 посетители, а специјалните стаклени панели се дизајнирани да издржат силни ветрови и земјотреси.
Слично


