Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Спектакл на 14 јуни: Dash Berlin на улица Македонија

(ФОТО) Спектакл на 14 јуни: Dash Berlin на улица Македонија
На 14ти јуни улицата Македонија ќе се обои во црвено-бело, боите на општина Центар.

Од 19:00 часот гостува еден од десетте најпопуларни DJ-и, Dash Berlin.

Сите љубители на добрата електронска музика, сите центарци, скопјани и добронамерници се добредојдени.

Ние ветивме дека општина Центар ќе организира по еден спектакл во зимскиот и летниот период од годината.

Веќе граѓаните уживаа во новогодишната журка со “Прљаво Казалиште, а сега доаѓа познатиот Dash Berlin.

“Тој ден на улица Македонија ќе биде најголемиот подиум, ветувам прекрасна журка со Dash Berlin, еден од водечките DJ-и во светот. Општина Центар секогаш ќе ги носи најатрактивните DJ-и, бидејќи и Центар и Македонија заслужуваат ваков спектакл. Дрес-кодот е црвено бела боја. Ваква журка, со ваков DJ не смее да се пропушти“, изјави градоначалникот Жерновски.

Промотерот на настанот Сузана Ал-Салкини ги повика сите млади на 14ти јуни да бидат на улица Македонија и да бидат дел од големиот спектакл.

“Овој потег на општина Центар е нешто сосема ново, а со години се применува во светските метрополи. Ќе има изненадувања, но за нив – во сабота“, рече Ал-Салкини.

Инаку, Dash Berlin е холандски транс-музички проект, креиран во 2007 година од Џефри Суториус и Елке Калберг. Фронтмен на групата е ди-џејот  Џефри Суториус  а.к.а Dash Berlin, еден од десетте напопуларни  DJ-и во светот.

Слично

Поврзани вести