(ФОТО) Со 500 евра отишле во Камбоџа и заработиле за пат низ Азија
Ања Вуковиќ(30) од Белград и Страхиња Танасковиќ(29) од Ваљево, со само 500 евра в џев отишле во Камбоџа во потрага по авантура.
Во Ком Пот стигнале во средина на март. Имале претприемачки дух и смисла за хумор.
Тие купиле билет само во еден правец.

Двајцата млади почнале да прават чоко банани затоа што таму ги има на секој чекор.
„Ни текна да направиме чоко банани во домашни услови и да ги понудиме на локалните жители“ - вели Танасковиќ.
За да дојдат до купувачи, на Фејсбук направиле профил за да можат луѓето да ги следат.
Освен чоко банани, нашле и друг начин да заработат пари и наскоро планираат пат во Индонезија.

Вели дека можат да ги понудат своите услуги, да чуваат деца на богати луѓе, да направат лесковачка скара само за да соберат пари и да патуваат во Азија. Нив најважна им е забавата и авантурата и додаваат дека англискиот јазик не е нивна јака страна, но сепак се снаоѓаат.
