Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Скриени песочни плажи: Нудат мир и тиркизно море, а ваше е да ги посетите

(ФОТО) Скриени песочни плажи: Нудат мир и тиркизно море, а ваше е да ги посетите

Летната сезона наскоро се отвора и сега е вистинско време добро да размислите каде ќе биде вашата следна летна дестинација. Секако, место со преубави и песочни плажи мора да ви е во глава, но веројатно и вие размислувате за гужвите кои тие плажи ги носат со себе. Иако некои места пружаат незаборавно летно искуство, пренатрупаните плажи знаат да го уништат тоа.

Поради тоа одлучивме да ви претставиме 10 скриени плажи на кои ќе имате своја приватност и каде ќе можете навистина да уживте во волшебствата на летото и морето

Еве за кои плажи станува збор ...

1. Навајо-Грција

Сигурно сте слушнале за оваа преубава олажа која нуди совршено бегство од светот. Оваа песочна плажа се наоѓа во заливот меѓу две клисури и на својот брег чува остатоци од стар брод. До оваа плажа може да дојдете само со брод а ако сакате нешто повеќе од капење, може да скоате и со падобран од врвот на клисурата.

2. Бенагил пештера -Португалија

Ова е природно создадено нешто кое е навистина невројатно. Внатре во пештерата се наоѓа преубава песочна плажа до која може да се дојде само по море. Пештерата не е целосно затворена и на своите ѕидови содржи отвори кои пропуштаат сончева светлина, па престојот на оваа плажа е како патување на некоја бајковите локација.

3. Розе плажа-Бонер

Дали некогаш сте виделе плажа со розев песок? Можеби сте во некој филм, но ние ви советуваме оваа убавина да ја искусите во реалноста. Оваа плажа се наоѓа на островот Бонер и толку е убава што не може да се опише со зборови.

4. Каупеа плажа-Хаваи

Другото име на оваа плажа е тајна плажа бидејќи нејзиното место е скриено меѓу вулкански камења. Овде може да видите мешавина од тропски билки, ретки животни и преубава морска идила. Секако, на неа нема гужви, па може да се опуштите и уживате.

5. Плажа на љубовта-Мексико

До оваа плажа се доаѓа само на еден начин-со нуркање. За да дојдете на оваа тајна плажа, мора да пливате и нуркате низ тесен тунел кој на крај ќе ве доведе до ова рајско место кое секогаш нуди засолниште меѓу заљубените парови.

6. Тортуга-Флорида

Иако Флорида е позната по своите пренатрупани плажи, Тортуга е мала плажа до која можете да дојдете со брод или авион и на неа ќе бидете целосно изолирани.

7. Лрод Хов-Австралија

Ова е место кое ќе ви пружи целосна изолација , но ќе мора да се помачите да дојдете до неа. Сепак, ако најдете добар водич или локалец кој ќе ве однесе до таму, ќе имате незаборавен летен помин.

8.Вајтехевен плажа-Австралија

Ако се случи да се најдете во топлата и поспана Австралија, задолжително посетете ја оваа песочна плажа која ќе ви даде приватност и место за одмор и релаксација.


9. Кох Ланта-Тајланд

Палмите кои се повиваат преку вода, кокосови ореви, песочни плажи и тиркизно море. Тоа се убавините кои ќе ве затекнат на оваа фантастична плажа. Во близина се наоаѓ мало рибарско село, но на среќа на туристите, оваа плажа не е пренатрупана и нуди доста можности за одмор и уживање.

10. Остров Холбокс

До овој остров се доаѓа само со траект, но кога на него се најдете ќе видите што значи мир, тишина и одмор. Топло и мирно море, песочни плажи и силно сонце ќе направат денот да ви помине беспрекорно.

Слично

Поврзани вести