Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Што би возеле – ферари или голф? Размислете уште еднаш!

(ФОТО) Што би возеле – ферари или голф? Размислете уште еднаш!
Во сообраќајна несреќа настрада првиот приватен ултраскап суперавтомобил - Ферари ЛаФерари. Уништен е во судар со Фолксваген голф 6 во Монте Карло. Никој не е повреден, но штетата е огромна. Секако подобро ќе помине осигурителната компанија на голфот, отколку на скапоцениот италијански спортски автомобил. Штетата на германскиот автомобил е видливо помала, но една од причлините за тоа е што структурата на ЛаФерари е таква што во случај на судар каросеријата се распрснува на многу делови за да се намали силата на ударот. Почетната цена на луксузниот ЛаФерари е околу 1,7 милиони долари, а во декември минатата година беше уништен и фабричкиот примерок на овој автомобил.  
Слично

Поврзани вести