Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Шест од најдобрите божиќни јадења и десерти во светот

ФОТО: Шест од најдобрите божиќни јадења и десерти во светот

Божиќ е време да се опуштиме, да се веселиме и простуваме, а најмногу да поминеме повеќе време со нашите најблиски, и се разбира, да се насладиме на убавата храна.

Секоја земја има свои новогодишни традиции и тоа важи и за храната, сервирање на или пред големиот ден. Од Италија до Мексико, гиизбравме едни од од највкусните јадења, приготвени и изедени во текот на празничниот период.

Bon appétit!

Panettone и Pandoro (Италија)

Ниту една божиќна трпеза во Италија не може да е целосна, ако на неа не се сервирани Panettone и Pandoro. Иако овие традиционални италијански колачи се прилично слични (нивните главни состојки се брашно, јајца, квасец, масло и шеќер), Панетоне содржи исто така суво грозје и зашеќерено овошје.

Bacalhau da Consoada (Португалија)

Традиционалната португалска божиќна вечера се состои од различни јадења со риба . Најчестото од нив е Bacalhau (солена и исушена треска), која обично се служи со зелка, компир и тврдо варени јајца. Вкусно и здраво во исто време.

Flæskesteg (Данска)

Ако не ви се допаѓа рибата на божиќната трпеза, може да ја претпочитаат данската верзија на свинско печено. Додадете малку варен компир, црвена зелка и сос и нема да бидете разочарани. За калориите ќе мислите подоцна.

Yule log or Bûche de Noël (Франција)

Овој десерт е за сите љубители на слатките задоволства. Подготвен од пандишпан и чоколадо и ве уверуваме дека е еден од највкусните француски десерти. Обликот му е поврзан со ликот на огнени трупци, симболи на просперитет и среќа.

Risgrynsgröt (Шведска)

Ова јадење ни е добро познато од млеко со ориз и цимет. Јадењето било направено во Шведска за прв пат во 1328 година, а 350 години подоцна станува познато насекаде во светот.

Ponche Navideño (Мексико)

Пијалокот се подготвува од сезонско овошје, шеќер и зачини. Се служи топло на Бадник.

Слично

Поврзани вести