Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Шарениот облакодер во Париз

ФОТО: Шарениот облакодер во Париз
Ако се шетате во парискиот кварт La Défense , нема начин да не го забележите . Слично на џиновско шеќерно лижавче,  Cheminée Moretti доминира над сите згради во околината. Дизајниран од францускиот уметник Рајмонд Морети , облакодерот се издигнува кон облаците како шарено виножито. Зградата е завршена во 1990 година и отворена во 1995 година. Морети работеше и со познатиот француски сликар Жан Кокто. Како огромен фан на џез музиката , тој го направил дизајнот според обвивките на албумите од најголемите музичари на овој жанр. Морети почина во 2005 година, а денес зградата е еден од спомените за неверојатните творби . Цветната кула претставува 32 -метарски објект кој е покриен со 672 шарени цевки , направени од фиберглас. Ако тие се наредат на земјата во права линија , таа ќе биде долга повеќе од 22 километри . Цевките на Le Moretti се мешавина од 19 различни бои и се со дијаметар од околу 3 до 30 сантиметри. Уметникот специјално избрал мешавина од топли и студени нијанси кои суптилно се менуваат - во зависност од светлината . Ноќе рефлектори ја осветлуваат зградата , а во текот на денот боите се одразуваат во прозорците на околните згради . Тие изгледаат како обоени завеси , а соседите имаат среќа секое утро да се разбудат со нешто весело пред очите . Ставањето на цевките траело 2100 часа и 200 луѓе работеле само на овој дел од проектот .
Слично

Поврзани вести