ФОТО: Се продава некогашниот дом на Енди Ворхол
Домот на американскиот уметник Енди Ворхол во Њујорк е ставен на продажба по цена од 5.79 милиони долари. Познатиот уметник живее 15 години во градската куќа на „Лексингтон авенија" откако во 1959 година ја купува за 50 илјади долари, потсетува Форбс. На првиот кат на куќата Ворхол создава многу од своите ремек-дела. Куќата е со површина од 285 квадратни метри.
Таа била изградена во 1889 година и има четири спални, а во секоја од нив има камин. И двајцата сопственици кои живееле во куќата по Енди Ворхол, се потрудиле да ја задржат внатрешноста токму таква каква што ја оставил уметникот.








Слично
