Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Се продава најскапиот стан на светот – вреди ли за тие пари?

(ФОТО) Се продава најскапиот стан на светот – вреди ли за тие пари?
Најскапиот стан по метар квадратен во светот е ставен на продажба. Чини околу 79 милиони евра. Но, не се наоѓа во луксузните квартови на Лондон, Париз или Њујорк, туку во Хонг Конг. Цената од 79 милиони евра е далеку пониска од најскапиот стан во Велика Британија, кој неодамна беше продаден за 176, 61 милиони евра, но станот во Хонг Конг има и далеку помала квадратура. Со ова, за него се постигнува цена од 17.000 евра за квадратен метар, што е далеку највисок износ во светот. Но, потесниот животен простор апартманот во Хонг Конг го надоместува со луксуз и спектакуларен поглед. Имено, тој се наоѓа на ридот Викторија Пик, кој е најпосетувано туристичко место во Хонг Конг и од кое има неверојатен поглед на околината.Освен тоа, апартманот има голема тераса, градина, паркиралиште и приватен базен. Еве како изгледа:
Слично

Поврзани вести