Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ротирачка куќа во Техеран која нуди неодоливо задоволство

(ФОТО) Ротирачка куќа во Техеран која нуди неодоливо задоволство

Техеран на лаиците им буди секакви асоцијации , но оваа е една која не е така честа. Погледнете ја оваа куќа во која собите можат да се движат за 90 степени, зависно од расположението на сопственикот или времето.

Зад оваа паметна и изненадувачка „Sharifi-ha“ куќа стои архитектонското студио  Next Office  со седиште во Техеран. Зашто паметна? Куќата има моторизирани ротирачки кутии во кои се сместени соби на три нивоа кои можат да се завртат за дури 90 степени, со притискање на копче од расположението на сопственикот или времето.

Објектот е завршен минатата година, а инспирирана е од старите ирански вили кои традиционално се иградени со летни и зимски дневни соби.

„Неизвесноста и флексибилноста лежат во срцето на дизајн концептот на овој проект“, наведуваат дизајнерите, додавајќи како флексибилниот дизајн и дозволува на куќата да биде „интровентна или екстровентна“.

 
 
Слично

Поврзани вести