Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Робот кој стопира во Канада

(ФОТО) Робот кој стопира во Канада

Канадските научници направија робот кој од 27 јули сам ќе стопира на патиштата во Канада на патување долго 6.000 километри. HitchBOT редовно ќе „твита“ како се чувствува!

Роботот HitchBOT, кој личи на дете од шест години, ќе стопира сам и ќе ги пренесува своите авантури на онлајн социјалната мрежа Твитер.

HitchBOT ќе тргне од Халифакс на брегот на атлантикот, а планирано е патувањето да го заврши во Викторија на Пацификот.

Научниците од Универзитетот во Торонто и Хамилтон направија робот за авто-стопирање како би ја тестирале човечката емпатија кон роботите.

Возачот кој ќе го прими роботот во своето возило, би требало да му ја наполни батеријата со помош на запалка за цигари која обично се наоѓа во секој автомобил.

 
Слично

Поврзани вести