Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ресторанот Српска Круна во Америка затворен поради „Гугл Мапс“

(ФОТО) Ресторанот Српска Круна во Америка затворен поради „Гугл Мапс“

Во американската држава Вирџинија се наоѓа ресторан под името  Српска Круна кој после 40 години работа мораше да стави катанци на вратите, и тоа се поради Гугл и нивните грешки.

Ресторанот бил познат по ексклузивните јадења од кенгурско и коњско месо.

„Порано имавме и мечкино месо, но тоа стана забрането“, објаснува Рене Бертанг (74). Местото било преполно, но одеднаш, пред две години сопственикот приметил значаен пад на гостите, и до 75% во текот на викенди, пренесува Бизнис инсајдер.

Сопственикот почнал да ги отпушта вработените, а на крајот морал скроз да го затвори ресторанот. Во една прилика еден гостин го запрашал зошто не работат во сабота, недела и понеделник.

Сопственикот изненаден го запрашал од каде му е информацијата, кога тие работат во текот на цела недела. Тогаш открил дека „Гугл Мапс“ е главниот виновник, односно под работно време тие напишале дека во текот на тие денови е затворен ресторанот и не работи.

Бертанг ангажирал експерти и работното време на „Гугл Мапс“ е променето, но тогаш штетата била направена и во април 2013 година Српска Круна е затврена.

Тој одлучил да го тужи Гугл и да бара отштета бидејќи поради нивна грешка дошло до значајно паѓање на гостите, што резултирало со затворање.

Слично

Поврзани вести