Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Развиен во Германија, ќе се произведува во Полска за САД

(ФОТО) Развиен во Германија, ќе се произведува во Полска за САД

„General Motors“ (ГМ) го претстави моделот Buick Cascada наменет за американскиот пазар. Овој кабриолет првично е развиен како модел на Опел во германскиот Riselshajm, за купувач во Европа, а наскоро под знакот на американска марка ќе се продава и во САД.

Cascada е уште еден во низата модели настанати во соработката меѓу двата бренда кои му припаѓаат на ГМ. Претходно заеднички ги развива Buick Encore ,Opel Mokka, Buick Verano и Opel Astra Sedan, како и Buick Regal и  Opel Insignia.

Buick Cascada1

„Opel Cascada е развиен во нашиот Меѓународен технички развоен центар во Риселхајм, каде повеќе од 6000 инжиниери работат на моделите на Опел, но и на производите на други марки на ГМ“, објаснува шефот на Опел групата, Карл Томас Нојман и додава дека моделот со значка на „Buick“ ќе се изработува во фрабрика во Полска.

Cascada е воедно и прв кабриолет од марката „Buick“ во последните 25 години. „Американската“ верзија е управувана со 1.6 ECOTEC турбо бензинец со директно вбризгување кое произведува  147 kW/200 кс и испорачува максимален вртежен момент од 300 Nm.

Buick Cascada2

„Buick Cascada“ ќе има премиера на саемот во Детроит, а во продажните салони стига во првиот квартал во 2016.

Меѓутоа, тоа не е се кога станува збор за овој кабриолет. Австралиската марка Холден исто така ќе профитира на глобалната стратегија на ГМ.

Опел во 2015 ќе почне да извезува неколку модели во Австралија и Нов Зеланд, под ознака на Холден. Покрај „Astre GTC“, спортската верзија ВХР и Insigniа, меѓу нив ќе биде и еден кабриолет - Холден Каскада.

Слично

Поврзани вести