Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Првите фотографии и детали од венчавката на Пит и Џоли!

(ФОТО) Првите фотографии и детали од венчавката на Пит и Џоли!

Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа на 23 август во Франција, во интимна церемонија во кругот на дваесеттина блиски пријатели и членови на семејството.

Славната холивудска двојка, популарна како „Бранџелина“ не морал да оди далеку во потрага по свадбените орагнизатори и планери за својот голем ден, бидејќи тие беа токму до нив, нивните шест деца.

Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа во неделата на 23 август на нивниот прекрасен семеен имот Миравал во Франција, после повеќемесечното одбројување и исчекување на светските медиуми за оваа ексклузивна приказна. Преубавата Анџелина блескаше во уникатна венчавка на Верасаче, а велот и тоалетата беа украсени со рачна изработка од нејзините деца.

Секое дете имаше своја улога во бајковитата свадбена церемонија: најстариот син Медокс (13) и Пакс (10) ја пратиле мајка си до олтарот, ќерката Захара (9) и Вивиен (6) фрлаа цветови од ружи наберени од градина, а Шило (8) и Нокс (6) ги носеле прстените. Децата исто така им помогнале на родителите да ги напишаат брачните завети, а десетгодишниот Пакс за оваа свечена прилика направил торта.

Преубавата венчаница на глумицата беше израз на децка креативност, креаторот Версаче Луиџи Маси десетина детски цртежи ги вметнал на венчаницата и велот. „Луиџи ми е како член на семејството и не би можела да го замислам друг да креира венчаница за мене“, рекла Џоли додавајќи: „Се знае со деца бидејќи ги сакам, така да беше навистина забавно да се спојат овие две работи“.

Слично

Поврзани вести