Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Прв викенд на љубов и поезија со „Матица“

(ФОТО) Прв викенд на љубов и поезија со „Матица“
„За тебе љубов моја“…Весна Бејби преку легендарната поема на Жак Превер, нејзиното омилено дело, се потсети на средношколските денови и го започна Викендот на љубов и поезија во Сигма Џулери, во знак на одбележување на Светскиот ден на поезијата Сигма Џулери заедно со Клубот Матица, го одбележа Светскиот ден на поезијата и притоа покажа огромна подршка кон македонските автори, македонските дела и проектот Читај Повеќе – Читај Секаде. Викендов Скопје и Прилеп беа домаќини на карванот на Матица Читај Повеќе – Читај секаде, на кој многу еминентни поетски имиња интерпретираа свои дела пред многубројната публика, се дружеа со истата и го одбележаа Светскиот ден на поезијата. Компанијата Сигма Џулери беше креатор на ова случување, а во склоп на истото подари над 200 книги од домашни автори на посетителите. На настанот во Скопје покрај Весна, посетителите можеа да уживаат во делата на поетесите Александра Велинова и Ирена Ристевска, како и писателот Ѓорги Барбаровски и Кочо Топузовски. Во Прилеп пак, настанот го отвори Златко Карчески од бендот The Hounds, а продолжи со читање поезија од страна на младата поетеса Ивана Канго, доајените од поетската фела од Прилеп - Василе Димески и Петре Башески, како и младиот прилепчанец Филип Димкоски кој истакна дека секој ден го поминува со најверниот пријател – книгата. Манифестацијата заврши со читање поезија од страна на Раде Силјан, претседателот на друштво на писатели, а потоа прилепчани имаа можност да се дружат со авторите и секако да добијат бесплатно книга. Оваа активност е само една од низата, со која тимот на Матица и македонските компании, имаат за цел да ја променат матрицата на размислување кај јавноста, за значењето на македонските дела и за неопходната потреба од книгата.
Слично

Поврзани вести