ФОТО: Прошетка низ луксузниот хотел, до кој се стигнува само со чамец
Хотелот „Oberoi Udaivilas“ е познат како еден од најлуксузните на светот. Се наоѓа во Индија и личи на вистински дворец. Најевтина соба чини 460 долари на вечер.
Меѓутоа поскапите соби имаат приватен базен и батлер. Хотелот се наоѓа во средината на езерото и до него се стигнува со чамец. Архитектурата е импресивна - куполи, орнаменти, фонтани и луксуз, како за индиските кралеви.
Некои соби имаат тераса што води кон базен. Во сите соби има LCD телевизори, Wi-Fi, DVD плеери. Бањите се од мермер-се во име на луксузот и хедонизмот.
















Слично
