Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ПРИМАМЛИВ НАЧИН НА ЗАРАБОТКА: Овој пар добива до 9000 долари за секоја своја слика во Instagram

(ФОТО) ПРИМАМЛИВ НАЧИН НА ЗАРАБОТКА: Овој пар добива до 9000 долари за секоја своја слика во Instagram

Џек Морис и Лорен Булeн водат живот, за кој сонуваат многумина. Се среќаваат на островите Фиџи минатата година и оттогаш се заедно. Ги поминуваат деновите посетувајќи егзотични и убави места низ светот и објавуваат слики од авантурите на Instagram. А најубав дел? Една нивна слика им носи до 9000 американски долари.

Џек има 2 милиони следбеници во Instagram, а Лорен - 1,2 милиони. Различни компании и спонзори гледаат во тоа златна можност да ги промовираат своите производи и му плаќаат на парот, за да ги прикаже во нивните фотографии.

„Ги обработуваме фотографиите сами. Обично ги правиме околу 1 час по изгрејсонце, бидејќи тогаш е сеуште спокојно и светлината е добра“, пишува Џек во нивниот сајт DoYouTravel.

Двајцата со Лорен добиваат најмалку по 3.000 долари за фотограија, но во повеќето случаи стигнуваат дури до 9000 долари.


Слично

Поврзани вести