(ФОТО) Прикажан новиот „Mercedes-Benz F 015 Luxury in Motion“
Откако своето официјално деби го имаше неколку дена пред почетокот на 2015 година, на „Consumer Electronics Show“ во Лас Вегас, револуционерниот „Mercedes-Benz F 015 Luxury in Motion“ се појави и во Детроит. Ова е најновата визија од лукусзен, автономен транспорт на Мерцедес, а еволуирала од концептот F 125, претставен во 2011 година.
Моделот F 015 не само што е проектиран и дизајниран на многу необичен начин - предните седишта се проектирани така што може да се ротираат по желба, односно да се свртат во насока кон патниците на седат на задните седишта.
Многу едноставно е и влегувањето во ова возило, ако знаеме дека предната и задната врата се отвараат во таканаречена спротивна насока една од друга, и тоа до агол од 90 степени, со што се добива повеќе од доволно простор за непречен влез / излез од возилото.
Овој автомобил го движат два електромотори, со вкупна сила од 270 КС, кои се напојуваат со енергија од горивните ќелии, по пат на водород, а возилото поседува и литиумски батерии кои ја осигуруваат автономјата од 200 км, додека во комбиниран режим ова возило наводно има опсег до 1100 км!
Кога станува збор за перформансите, F015 до 100 км/ч стига за 6,7 секуди, додека максималната брзина му е ограничена на 200 км/ч.




