Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Прекрасни куќи инспирирани од Хобитите

ФОТО: Прекрасни куќи инспирирани од Хобитите
Ликовите на Џеј Р. Толкин инспирираа многумина во светот да си изградат куќи според оние на Хобитите. Видете ги најинтересните од нив низ цел свет: 1. Западен Велс  Сајмон Дејл сонувал за ваква куќа, сакал да биде од дрво, да е енергетски ефикасена и да потсетува на домот на Хобит. Изградбата го чинела само 3 000 фунти. 2. Барбадос Изградена е во 1975 година, уште многу пред да излезе филмот, но сличноста е неверојатна. Тоа е имот со површина од 325 квадратни метри. 3. Нов Зеланд Сцените со Хоби во „Господарот на прстените“ се снимани во Нов Зеланд, а местото веќе е туристичка атракција. Куќички останале недовршени од внатре, затоа што се снимани само однадвор, а внатреѓните  сцени во филмот биле снимани во студио. 4. Атлантик Бич, САД  Изградена е во 1975 година од страна на архитектот Вилијам Морган, а сличноста со куќите на хоби и овде е случајна. Тоа се две идентични куќички. Секоја од нив се состои од спална и бања. 5. Швајцарија Домот има  соба за дневен престој, сала за игри и подземен тунел. Има и огромни прозорци кои привлекуваат внимание и дозволуваат да се види голем дел од ентериерот. 6. Филаделфија, САД Оваа куќа се наоѓа во едно селце. Оддалечена е 60 километри од Филаделфија и е дело на архитектот Питер Арчер.
Слично

Поврзани вести