Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Поголем дел од најпроблематичните охридски и струшки населени места добија електрична енергија

(ФОТО) Поголем дел од најпроблематичните охридски и струшки населени места добија електрична енергија

Најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион добија електрична енергија. Во текот на ноќта и раните утрински часови нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево.

evn ekipa

Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во с. Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа.

even2

Новиот 10 кВ далекувод во реканскиот крај е во завршна фаза на поставување. Низ новоподигнатите столбови се поставуваат проводниците и изолаторите и се премостува врската низ Дебарско езеро. Се работи интензивно за да се нормализира снабдувањето со електрична енергија на селата во реканскиот крај. Пробивањето на екипите на ЕВН до местата на дефектите сеуште е отежнато, голема помош имаат од екипиоте на МВР со санки со што времето за пристигнување на критичниуте места е скратено. За работа на дистрибутивната мрежа ангажирани се над 230 електромонтери. Екипите ќе останат на терен се додека и најоддалечените места и последниот корисник не бидат снабдени со електрична енергија.

evn1

Слично

Поврзани вести