ФОТО: Подземна палата во Калифорнија се продава за 53 милиони долари
Однадвор оваа палата изгледа како елегантен ранч во шпански стил, но Хасиенда де ла Паз, која што се наоѓа во Калифорнија всушност е многу повеќе од тоа.
Цената на зградата што неодамна беше ставена на продажба е 53 милиони долари. Таа ги исполнува градежните барања во луксузниот град Ролинг Хилс, каде што зградите имаат само по еден кат. Сепак овие стандарди немаа посебни ограничувања за изградба под земјата.
Она што не може да се види од улица, се петте неверојатни ката на зградата под земја со површина од 4 600 квадратни метри, достапни преку лавиринт од ходници, два лифта и тајни скалила.
Подземни палата има и тениско игралиште, а просторијата во која се наоѓа спортскиот објект може да биде трансформирана во сала со капацитет од 350 лица.Куќата има 6 спални и 25 бањи.














Слично
