ФОТО: Подземен град - место за 20.000 луѓе
Во 1963 година еден маж од Кападокија, Турција си ја реновирал куќата при што дошол до едно откритие.

Додека рушел дошол до тајна соба кој води до подземниот град Деринкуј.
Се смета дека овој град настанал во Византиско време од 780 до 1180 година.
Бидејќи има повеќе простории, соби, кујни, дури и цркви се смета дека ова место служело како засолниште од непријателски војски и природни непогоди.
Секој кат е изолиран, а градот собира 20.000 луѓе на 18 катови и секој кат се затвора со камена врата.
Деринкуј со тунели од неколку километри е поврзан со други градови.
Сега само половина град е отворен за туристи, но е многу атрактивен за посети.

Слично
